Бранителите на Северодоњецк мора да се повлечат од градот, изјави гувернерот на Луганск, Сергеј Гајдај.
„За жал, мораме да ја повлечеме нашата војска од Северодоњецк. Останувањето на позициите нема смисла. Расте бројот на загинати“, напиша Гадај на Телеграм.
Тој додаде дека 90 отсто од домовите во Северодоњецк се уништени или сериозно оштетени.
Гајдај, исто така, наведе дека руските сили го зазеле селото Николаевка во Луганск, но оти украинските сили успеале да ја запрат руската офанзива во областа Боровск, како и дека одбиле напад врз јужно предградие на Лисичанск.