Кому му е гајле кого ќе пратиме на некој депласиран фестивал за да не претставува?
Кому му е гајле што книги читаат полуписмените пејачки? Кому му е гајле која новинарка ќе седела наспроти Груевски без гаќи?
Кому му е гајле која пратеничка што носела додека ги исфрлаа од собранието?
Кому му е гајле кое млеко е отровно?
Кому му е гајле колку умреле од грип? Кому му е гајле кој преведува Оскари?
Нам ни е гајле.
Ама гајле ни е и за сите оние удрени стапови по туѓ грб. За сите казни и неплатени сметки. За сите згазени достоинства.
За сите премолчени неправди. За сите угушени гласови.
За сите игнорирани пораки дека тонеме.
А зошто па и да ни е гајле? Има кој да мисли на тоа. Нив нека им е гајле.