Двајцата луѓе татко и син од гостиварското село Симница кои почнаа од Хеморагична треска-хантан престојувале во бачило во близина на селото, како и дел од пацинтите кои беа хоспитализари со слични симптоми, а биле во роднински врски со нив.
Дента по смртта на 23 годишното момче и два дена по смртта на неговиот татко, екипи на епидемиолошката служба на Институтот за јавно здравје од Скопје и Гостивар први пристигнаа во селото Симница.
Тогаш се уште не се знаеше за какво заразна болест станува збор и дали се пренесува од човек на човек.
Во бачилото е направена дезинфекција и дератизација во селото, секаде каде што се движеле починатите.
Извршена е дератизација и дезинсекција во домовите и другите придружни објекти на починатите, земени се мостри за анализа за водата за пиење, извршено здравствена едукација на населениото за симптомите на болеста и превенција од истата.
Во продолжение погледнете ја галеријата ексклузивни фотографии до кои дојде НОВА, за тоа како се одвивала акцијата и кои с е луѓето кои први стигнаа на овој терен.












