Гласањето во општина Кичево се одвиваше мирно и без инциденти, но под засилен мониторинг на меѓународните организации. Нова го следеше процесот на гласање на територијата на општина Кичево, каде излезноста достигна висок 71 процент.
Следната галерија е од селото Зајас, местото каде се кршат копјата околу тоа дали следниот градоначалник ќе биде Македонец или Албанец. Видливо беше присуството на дијаспората. Со автобуси, комбиња, авиони и автомобили доаѓаа иселениците во Зајас за да го дадат својот глас.
Нова преку фотографии ви пренесува дел од атмосферата во Зајас.