Овој викенд се одржува еден од најпознатите традицонални настани во државата, Галичката свадба, чија програма во Галичник започна вчера и ќе трае до недела. Годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски.
„Да се ќердосаат младите“, ракија од „на нога“ се дел од атмосферата и обичаите која е предвесник за централниот настан, венчавката, која ќе се одржи утре со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник.
Програмата трае три дена и опфаќа свадбарски ритуали, свечени ора, песни и современи настани за младата публика.
Првиот ден вклучи монодрама за Ѓорѓија Пулевски и вечерна забава за најмладите. Вториот ден започна со китење и поставување на свадбениот бајрак, фрлање пушка и свечено оро низ селото. Невестата полни вода од трите прочуени чешми во селото – Секуличе, Дингиовце и Упија – обичај за семејна среќа.
Неделата е резервирана за традиционалните ритуали како каење на мртвите, бричење на зетот, венчавање и големо свадбарско оро.