Претседателот на Сахара Индија Паривар, Субрата Рој, во петокот изјави дека неговата група влетала во проблеми со регулаторите како што е Резервна банка на Индија (РБИ) и Одборот за хартии од вредност на Индије (Себи), поради својот „емотивен“ коментар против претседавачот со Конгресот, Соња Ганди, пренесува “Фактор” повикувајќи се на британски Економист.
Обраќајки им се на медиумите во Калкута, во петокот, како што пренесува Економист, Рој посочил дека РБИ го насочила своето оружје кон неговиот бизнис депозит, откако изјавил дека само човек од индоско потекло би требало да стане премиер.
“Ова веќе не е политичко прашање, туку конфронтација со регулаторите како РБИ и Себи” – истакна Рој.
„Ја предизвикувам целата земја, како и целиот систем на државата да докажат дека Сахара Индија Паривар направила нешто незаконско во последните 35 години“, рекол Субрата.