Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Гардијан“: Израел не ѝ го продаде шпионскиот софтвер „Пегаз“ на Украина поради страв од Русија

0
By Sashko on March 23, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: theprint.in
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Израел не ѝ дозволи на Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ на израелската компанија НСО Груп поради стравување дека продажбата на таква софистицирана хакерска алатка ќе предизвика гнев во Русија, објави денеска лондонски „Гардијан“.

Заедничкото истражување на британскиот весник и американски „Вашингтон пост“ дава нов увид во односите на Израел со Русија, но и како Тел Авив повремено ги поткопува офанзивните способности на Украина и се спротивставува на приоритетите на САД.

Според експертите од 2019 година, украинските власти се обидуваат да го убедат Израел да им даде дозвола за користење на шпионски софтвер „Пегаз“. Украина беше одбиена од НСО груп, откако компанијата не доби дозвола од израелското Министерството за одбрана да го продаде софтверот на Украина.

Софтверот „Пегаз“ може да се користи за хакирање на секој мобилен телефон, а се користи и за прислушување на разговори, за читање пораки и за прегледување фотографии на корисници, а може да се користи и како уред за прислушување.

Истражувањето покажува дека продажбата на „Пегаз“ од Унгарија до Саудиска Арабија често била во согласност со израелската надворешна политика.

Висок украински разузнувач изјави дека Украинците се збунети од одлуката на Израел, односно дека не е јасно зошто не им е дозволен пристап до моќно средство за шпионажа и дека верува оти САД ги поддржуваат напорите на Украина.

Изворите на кои се повикува „Гардијан“ истакнуваат дека одлуката на Израел е одраз на неговата неподготвеност да ја вознемири Русија со која има блиска разузнавачка соработка.

Тие изјавија дека Израел стравува дека можноста Украина да ги прислушува руските мобилни телефони преку „Пегаз“ може да се смета за чин на напад врз руските разузнавачки служби.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот пред Кнесетот на 20 март изјави дека Израел ќе мора да одговори зошто не ѝ даде оружје на Украина и не воведе санкции кон Русија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.