Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гаши ја тресе владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ молчи за неговата улога во инцидентот на скопскиот аеродром

0
By Ана Василевска on August 6, 2024 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
Африм Гаши
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ми глас  за улогата и одговорноста на претседателот на Собранието Африм Гаши во инцидентот на скопксиот аеродром со косовската претседателка Вјоса.

Освен општите укажувања на Мицкоски дека случајот ќе биде детално истражен и дека одговорните ќе одговараат, од неговата партија на власт упорно молчат и на повиците за повлекување на Гаши.

Единствениот кон кого досега се преземени мерки е шефот на обезнедувањето на Гаши кој директно учествуваше во насилството врз своите колеги на скопскиот аеродром, иако и самиот собраниски спикер призна дека тој таму отишол по негова нардеба „за да ја смири ситуацијата“. Сите индиции се дека и Гаши и неговиот главен телохранител постапиле надвор од своите овластувања.

И од Вреди чекаат факти од истрагата.  Пратеникот на оваа коалиција Беким Сали денеска изјави дека тој не може да каже точно што се случило на скопскиот аеродром и дали некој треба да сноси одговорност оти за тоа треба да се произнесат надлежните органи.

Според Сали, испраќањето на членот на обезбедувањето на Гаши на скопскиот аердодром било со цел да се смири ситуацијата, меѓутоа, како што рече, „што се случило таму, не знаеме“. Тој смета дека со тоа Гаши не ги прекршил ингеренциите.

Опозицијата бара одговори и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ молчи

Опозициската СДСМ бара премиерот Христијан Мицкоски да го смени Гаши од претседател на Собранието.

„Го повикуваме обвинителството да покрене постапка, а Мицкоски да излезе во јавноста и да побара од Гаши политичка одговорност. Овој случај не може да се смета за затворен додека сите инволвирани во него не понесат одговорност. Институциите се должни итно да започнат постапки“, порачаа од СДСМ

Оваа партија смета дека за целосно расчистување на скандалот мора да има одговорност за коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши. Полицијата во понеделникот (05.08) информираше дека обезбедувачот „бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание“ и дека „санкциите кон обезбедувачот и другите вработени во МВР, дел од обезбедувањето на Гаши се поради извршување незаконска наредба“.

„Со ова се потврдува одговорноста кај Гаши дури и од страна на МВР. Прашуваме, зошто ништо не е преземено досега? Дали Мицкоски ќе излезе јавно да побара од него одговорност? Дали МВР ќе покрене постапка? Или решија да го пуштат низ вода обезбедувачот, на сметка да го заштитат нарачателот?“, прашуваат од СДСМ.

Од друга страна, пратеничката група на Левица денеска во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.

Левица бара интерпелација за седум точки во кои утврдуваат незаконско разботење на Гаши. Образложена е на десет страницим вели претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција и бара претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор.

Првите две точки од интерпелацијата се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши.

Во барањето Гаши да биде отповикан од функцијата, Левица ги наведува и повредата на употребата на македонскиот јазик затоа што Гаши, како што рече Апасиев, „свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност дури и за пратениците кои се Македонци“, потоа повреда на правилата за употреба на државните инсигнии со тоа што во пленарната сала, спротивно на законот.

За Левица Гаши го го повредил и начелото на инкомпатибилност на функциите, односно го повикуваат на политичка одговорност Гаши затоа што не констатирал престанок на мандатот на новоизбраниот пратеник Талат Џафери „кој илегално ги извршуваше функциите премиер и пратеник“.

Шестиот основ е повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам со тоа што сопругата на Гаши патувала со него во Вашингтон со што, спотред Левица, е направена и тешка дисциплинска повреда на етичкиот кодекс за пратениците.

Последниот основ за интерпелацијата за Гаши за Левица е повредата на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и  дека не се обезбедени низа деловнички гаранции за нормално функционирање на пратениците.

Во реакциите двете партии од опозицијата го повикуваат премиерот Мицкоски да покрене иницијатива во својата коалиција Гаши да биде сменет, за што најавуваат поддршка во Собранието.

Извор: Рацин.мк

Африм Гаши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.