Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вели дека доколку СДСМ и ДУИ сакаат со четирите пратеници да го зголемат парламентарното мнозинство, без прифаќање на партиската програма, дека тогаш нема интерес за учество во Владата. Според Гаши, потребна е и еднаквост меѓу политичките актери на власта. Гаши сепак не сака да предвидува каков ќе биде исходот од вечерашните состаноци во Алтернатива.
– Ако во преговорите видиме дека Заев навистина сака да ја спаси државата од овој ќорсокак, ќе се обидеме да им помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за економска и политичка стабилност, рече Гаши во интервју за весникот Политика.
Алтернатива одлучува дали ќе биде дел од владината коалиција