Автор: Игор Илиевски, екс-амбасадор во Чешка
Прашањата поврзани со енергетската стабилност на Европската Унија внимателно ги анализирам и истражувам најмалку од јануари 2009 година. Имено, на 30 јануари 2009 година го придружував тогашниот заменик премиер И.Боцевски во чешкиот град Острава за време на ад – хок Конференција, на највисоко ЕУ ниво, на која се носеа стратегии за спречување на идни “енергетски заложништва”, а како резултат на кризата, што се случи само неколку недели пред тоа.
Солидарната имплементација на овие стратегии трае до денес. Можеби грешам, но бар од логична гледна точка, Македонија, како официјална земја – кандидат за членство во ЕУ е обврзана да постапува согласно овие стратегии.
Оттука, мислам дека најсоодветна дефиниција на актуелните состојби во Македонија на ова поле, а посебно во контекст на вчерашната јавно – експонирана “придружба” на министерот Ставревски во Москва, за жал не би можела да се даде со дипломатски или академски речник.
Имено, и покрај тоа што немам квалификации во областа на медицината, за жал, мислам дека овие состојби најсоодветно би се споредиле со “карцином во метастазирана состојба”. Поконкретно, се работи за рак, за кој се свесни одредени владини претставници во Скопје, но се обидуваат истиот да го третираат со хируршки нож. Истовремено се надеваат дека можеби постои и фармаколошки начин за лекување на состојбите, меѓутоа систематски бараат во погрешни лаборатории.
Со употреба на дипломатски речник, тврдам дека некој се труди да ја вметне Македонија во дипломатска, но и стратешка замка, која би можела дури да има и правно – финансиски последици. Некој се труди од актуелната навидум нерешлива ситуација да креира сериозен иден дипломатски проблем на релација со Русија, но и на релација со нашите идни официјални евро – атлантски сојузници.
Имам оправдана дилема дали Груевски навистина не го гледа проблемот, или не сака да го види, или пак не смее да го види. Во дипломатијата, а верувам и во политиката не постојат нерешливи проблеми (за се има лек), меѓутоа се сомневам дека Груевски, Ставревски, Јанакиевски и уште неколкумина, се способни да изнајдат ефикасен излез од актуелната мошне комплицирана ситуација во која се наоѓаат. Затоа мислам дека се трудат уште повеќе да ја усложнат.
Проблемот им го создаде едно лице, кое ниту имаше овластувања, ниту пак доволни познавања за третираната материја. Се работи за истото лице, кое моментално, на таен и незаконски начин, привремено “пали и гаси” во Македонија, лице врз основа на чии иницијативи и инструкции, што не можат да се одбијат, се лустрираат академици, писатели, претходни колеги, се притвараат новинари, се судат политички противници, се бараат “сеништа” во опозицијата, се употребуваат параноични дефиниции за состојбите во ЕУ, но и во рамките на коалицијата итн. итн. итн.
Мислам дека нема потреба да го именувам тоа лице, бидејќи сметам дека не постои човек во Македонија, не постои човек во рамките на дијаспората, не постои дипломат или политичар од Брисел или Вашингтон со евентуални можни дилеми за кого станува збор.
Да појаснам – ГАСИФИКАЦИЈАТА ја сметам како приоритетна за државата. Исто така немам ништо против Русија и нејзиниот плин, но сум против монопол на еден доставувач. Македонија и македонскиот граѓанин заслужуваат избор и здрава пазарна конкуренција на секое поле, вклучително на ова мошне битно – енергетско поле.
Македонија треба да биде подеднакво отворена за проекти и извори на енергија и во однос на плинот кој ќе потече преку гасоводот “ТАП”, како и за евентуалниот плин, што Русија планира евентуално да и го испорача на Европа, преку “Јужен Тек” и од било кој друг извор (на пример “SHALE GAS”). Македонија треба да реализира детална и внимателна анализа околу овие прашања и соодветно да биде изградена идната енергетска стратегија на државата, која несомнено логично е да биде компатибилна со стратегиите на нашите идни евро-атлантски сојузници.
На Македонија не и треба енергетска стратегија, за која постојат шпекулации дека се носела за време на тајни средби во Швајцарија. Можеби за некое приватно претпријатие ова е начинот, но не и за Македонија. На Македонија и е неопходна енергетска стратегија, што ќе биде донесена како резултат на темелна и професионална расправа и анализа, но и консултации со нашите официјални идни сојузници.
Поконкретно, би сакал да иницирам постапка македонската јавност да биде прецизно запозната за причините и мотивите поврзани со плановите за “пребивање” на долг од 60 милиони УСД, односно дали Собранието на РМ, дали граѓаните на Македонија се запознати за сите детали околу ова најавено и планирано “пребивање” на 60-милионски долг (со 20-годишен стаж). Исто така би сакал да прашам зошто во моментов Македонија плаќа најскап плин во Европа, а исто така каква се предвидува да биде цената за плинот во наведените 30 или 35 години, мошне веројатен ексклузивитет.
Понатаму, дали преку натамошно систематско инсистирање во оваа насока, дали Македонија свесно или несвесно се вметнува во една несмасна замка, дали преку перманентното инсистирање на Груевски за “Јужен Тек”, дали можеби, свесно или несвесно, не се води и јавна политика спротивна на стратегиите на нашите идни сојузници од ЕУ и НАТО? Дали преку инсистирањето за “Јужен Тек” не се затвараат вратите за еден друг, по се изгледа доста конкурентен проект “ТАП”, за кој меморандуми за разбирање потпишаа неколку држави од регионот, меѓу кои Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.
Истовремено би сакал да изразам мислење дека вчерашното појавување на Груевски во Москва, а веројатно и потпишаниот документ, не се компатабилни со официјалните стратегии на државата, а мислам дека по овие прашања постои и оправдано разногласие во рамките на владината коалиција.
Би сакал да потврдам дека оваа анализа е подготвена врз основа на лични темелни истражувања на темата, но првенствено на јавно – достапни документи и анализи (библиографија во прилог), перменентно објавувавани од страна на официјални центри и институти кај нашите идни официјални евро – атлантски сојузници. Дел од податоците (посебно за приватниот дел) беа црпени и од руско-јазични извори.
Можеби и постојат некои поинакви анализи, кои можеби водат и кон други заклучоци, но барем додека Македонија официјално се стреми да влезе во ЕУ и НАТО, истите во овој момент сметам не претставуваат меродавна литература за ова прашање. Дополнително приложувам и две интересни графички илустрации. За секоја од нив би можела да биде напишана најмалку една книга. За жал предвидениот простор од две страни за анализава, полека привршува…
ГРАФИЧКА ИЛУСТРАЦИЈА плиновод “ТАП”
*Зачудува што сепак дел од територијата на Македонија е вклучен во идните планирани цевки на овој плиновод. Уште повеќе зачудува тажната дефиниција, што се користи при дефинирањето на територијата, но мислам дека ако се влезе на оваа веб – страна некои од дилемите би се разјасниле – http://www.epp.eu/member-parties
*Зачудува што дел од македонските медиуми презентираа апсолутно неточни информации дека “пред извесно време руски Гаспром ја исклучил Грција од проектот”. Исто така, не само што зачудува, туку и мошне загрижува тоа што е напишано овде – http://www.makdenes.org/content/article/25053151.html
БИБЛИОГРАФИЈА:
http://europa.eu/rapid/press-release_IP-13-623_en.htm.
http://cepa.org/sites/default/files/Past_CED_Issues/Central%20Europe%20Digest%2C%20July%202%2C%202013_Lucas.pdf
http://www.makdenes.org/content/article/25054131.html
http://thehill.com/blogs/global-affairs/guest-commentary/312733-greek-ambassador-christos-panagopoulos-greece-an-energy-security-provider
http://www.echosevera.ru/scandal/2013/07/17/1058.html
http://www.trans-adriatic-pipeline.com/tap-project/key-features/
http://www.jamestown.org/regions/europe/single/?tx_ttnews%5Btt_news%5D=41051&tx_ttnews%5BbackPid%5D=671&cHash=c8fb818b026568a1e278a8a01d340e67#.Ue2YP9K8Cyo
http://www.jamestown.org/regions/europe/single/?tx_ttnews%5Bpointer%5D=1&tx_ttnews%5Btt_news%5D=40039&tx_ttnews%5BbackPid%5D=671&cHash=fc42d73653749a035f7cd37ed8b49f3c#.Ue2ZLdK8Cyo
Harrington, John. “Silvio Berlusconi.” New York Times Online. N.p., Oct. 2011. Web. 27 Nov. 2012.
Hooper, John. “Why Silvio Berlusconi’s Jail Sentence Matters, Even Though He Won’t Serve It.” The Guardian News and Media. 26 Oct. 2012. Web. 27 Nov. 2012.
http://www.plusinfo.mk/vest/100245/Juzhen-tek-kje-proteche-i-vo-Makedonija
http://faktor.mk/archives/56815
http://faktor.mk/archives/60468?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=dali-makedonija-od-deneska-vleguva-vo-golemoto-rusko-semejstvo-na-gazprom