Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гечевски ќе игра на ЕП во Словенија

0
By Нова ТВ on August 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атмосферата во таборот на македонскиот кошаркарски национален тим беше позитивна и во пресрет на денешниот ден, но од денеска дефинитивно се си дојде на вистинско место, откако на тренинзите на „црвено-жолтите“ се приклучи и Тодор Гечевски.

Искусниот центар долго време одолеваше на молбите на луѓето во и околу репрезентацијата за негов камбек во националната селекција, за денеска и официјално да го потврди своето враќање. Тој најпрвин седна на заеднички ручек со директорот Мерџановски и со капитенот Антиќ, по што попладнево се појави и на тренингот на репрезентацијата, ставајќи му се на располагање на селекторот Алеш Пипан.

„Дојде дедо“ – гласно извика капитенот Перо Антиќ по влегувањето на Гечевски во салата „Борис Трајковски“, секако на шега, со оглед на фактот дека токму Антиќ е најзаслужниот што Тоше реши да им помогне на репрезентативните колеги на Евробаскет 2013 во Словенија. Гечевски во свој стил, максимално скромен, напомена дека негова желба е да му помогне на националниот тим да оствари што подобар пласман на следното големо натпреварување.

„Ова е мој прв тренинг со репрезентацијата. Нормално дека сликата од соиграчите што беше објавена вчера не ме остави рамнодушен, мислам дека тоа беше и мала шега, но во секој случај по контактите што ги имав со членовите на националниот тим и на стручниот штаб решив да се приклучам на тренинзите. Воопшто не сум подготвен, бидејќи планот беше на 15 август да почнам со тренинзи со МЗТ Скопје. Сепак, верувам дека има доволно време за да се подготвам доволно, за да можам да помогнам на репрезентацијата со своето искуство на ова големо натпреварување“ – изјави Гечевски непосредно пред почетокот на тренингот.

Извор /Фото: Екипа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.