Група од 30 вандали ја нападнале зградата на Б92 и полицијата која го обезбедувала просторот на Булеварот Зоран Ѓинѓиќ. Еден полицаец е повреден, јавува Б92.
Полицаецот се здобил со повреди од удар на тврд предмет по главата, а веројатно бил во прашање и канистер од димни бомби.
Вандалите фрли неколку димни гранати, ракети и други пиротехнички средства на полициските службеници на влезот на зградата во која е сместена Телевизијата Б92.
Околу зградата накратко се слушнала детонација на пиротехнички средства, а од густаиот бел чад, едвај се дишело. По неколку минути вндалите се разбегале и се упатиле кон трговскиот центар Меркатор.