Според неофицијални извори на кои се повикува Б92, братот на српскиот премиер, Андреј Вучиќ, заедно со своето обезбедување на Славија се обидел да помине низ полицискиот кордон, кога избил конфликт под неразјаснети околности.
Весникот “Блиц” вели дека конфликтот настанал откако членови на жандармеријата сакале да ги легитимираат Вучиќ како и неговата придружба, а потоа имало расправија. Весникот пишува дека неколку лица се на ВМА, но дека степенот на нивните повреди не е познат.
Во Белград на геј парадата беа распоредени голем број на полицајци и припадници на жандармеријата.
Едноставната прошетка поминала без инциденти, но во многу делови на Белград се забележани спорадични инциденти.