Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генерал Петреус: Израелската копнена офанзива брзо може да стане „Могадишу на стероиди“

0
By Ана Василевска on October 20, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Дејвид Петреус
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воената копнена офанзива на израелските одбранбени сили во Појасот Газа ќе трае со години и ќе има ужасни борби, изјави американскиот генерал Дејвид Петреус, кој служеше како командант на американските сили во Ирак и Авганистан.

Тој за Политико предупреди дека копнената инвазија на Израелските безбедносни сили (ИДФ) многу брзо може да стане „Могадишу на стероиди“. Поранешниот директор на ЦИА алудираше на инцидентот од 1993 година, кога  два американски хеликоптера „Блек хоук“ беа соборени во главниот град на Сомалија, предизвикувајќи крвави урбани борби, додека американските сили се обидуваа да ги спасат преживеаните. Во борбите загинаа 18 американски војници. Петреус истакна дека ИДФ ќе се соочи со слична ситуација на непријателска територија ако преземе копнена инвазија.

– Ако Хамас е креативен во одбраната како што беше во тој ужасен, варварски, неискажлив напад, тогаш ќе видите бомбаши самоубијци, ќе видите импровизирани експлозивни направи, ќе има заседи, мини, посочи генерал Петреус.

Според неговото лично искуство водење војска ангажирана во брутални контра-бунтовнички кампањи треба да послужи како предупредување за ИДФ ако продолжи со копнена инвазија.

– Тешко ми е да замислам потешка средина од конкретната, а јас командував со силите во голем број големи урбани операции. Не можете да победите во контрабунтовничките операции за една или две години. Тие обично траат една деценија или повеќе, како што видовме во Ирак, како што видовме во Авганистан, наведе генерал Петреус.

Тој додаде дека на Израел му треба план за обновување на основните услуги, обнова на Појасот Газа и поддршка на доброто владеење во регионот, откако ќе биде добиена битката против Хамас.

Дејвид Петреус Израел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.