Генералниот секретар во Владата, Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил,напиша Game change (Играта се менува) откако пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи објави дека нема да присуствува на седницата за гласање (не)доверба на владата. Без неговиот еден глас опозицискиот блок остана без потребниот кворум за смена на власта.
Зекири со оваа порака алудира на пораката што ја даде лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Скопје, кога најавуваше промени во партијата со англиската фраза Game change.