Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Geopolitical Futures – GF: ЕУ во 2025 ќе биде политички нестабилна поради надворешни и внатрешни предизвици

0
By Zoran Ivanov on January 30, 2025 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Унија ќе се соочи со сериозна политичка нестабилност во 2025 година, предизвикана од големи внатрешни и надворешни фактори, оценува американскиот аналитички центар „Геополитикал Фјучрс“ (Geopolitical Futures – GF).

Според анализата, нестабилноста во соседните региони, вклучително и Србија, ќе ги продлабочи поделбите внатре во Унијата.

Во извештајот се наведува дека односите меѓу ЕУ и новата американска администрација, изборите во повеќе земји членки каде што се очекува засилено влијание на крајната десница, несогласувањата околу политиката за Украина, инфлацијата и буџетските кратења ќе бидат клучни фактори за политичката нестабилност во Унијата.

Анализата исто така посочува дека дополнителен фактор ќе биде состојбата во нестабилните соседни региони. Според „Геополитикал Фјучрс“, српските власти се обидуваат да го смират незадоволството на граѓаните поради жртвите од урнатиот железнички објект и широко распространетата политичка корупција.

Истовремено, претстојните избори во Косово и Албанија носат зголемен ризик од етничка нетрпеливост и насилство, додека Молдавија се соочува со енергетска криза и зголемено руско влијание пред есенските избори.

Како дополнителна закана за стабилноста на ЕУ се посочува и ситуацијата во Грузија, каде што проруската влада се соочува со масовни проевропски протести.

Дополнителни тензии за Европа носи и агресивната политика на Турција на Блискиот Истокбшто доведува до судири со Франција и источномедитеранските земји.

Еден од најголемите предизвици за европското единство ќе биде новиот мигрантски бран, особено од Блискиот Исток, што може да ги продлабочи поделбите меѓу членките на Унијата.

 

еу 2025 криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.