НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Геополитика околу изборите во Молдавија- судир меѓу Русија и ЕУ?

0
By Zoran Ivanov on November 3, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту  локалните медиуми, ниту пак светските медиуми, генерално не даваат податоци за тоа колку граѓани биле подготвени да ги стават своите гласачки ливчиња во референдумските кутии. Се наведува само крајниот резултат кој е толку тесен што објективно не покажува ништо конкретно.

Дали оваа земја, притисната од кризата во Приднестровје и војната во соседна Украина, ќе ја води поранешната прозападна претседателка Маја Санду или противникот Александар Стојаногло?

Жителите на Молдавија денеска на избори ќе одлучат кој ќе ги претставува пред светот како шеф на државата во следниот мандат.

Како кандидати на граѓаните на Молдавија  им беа понудени: актуелната претседателка Маја Санду, образована, меѓу другото, во САД, каде работеше како советник на Светската банка во Вашингтон и зад централно-десничарската Партија за акција и солидарност (ПАС). што ја обезбеди во првиот круг корист од 42 отсто од гласачите и поранешниот главен обвинител Александар Стојаногло, лидер на проруската социјалистичка партија, кому му веруваа 26 отсто од неговите сонародници.

Додека првиот круг од гласањето, одржан на 20 октомври, беше под сенка на истовременото референдумско изјаснување за проевропската иднина на државата, овојпат директно еден со друг се соочуваат кандидатите кои поинаку се изјаснуваат за многу работи.

Затоа, многумина го сметаат претстојното гласање како ставање крај на насоката кон која ќе се движи земјата во  иднината .

Сепак првиот круг од изборите не ја разјасни насоката на прозападно или происточно, бидејќи како што покажа последниот референдум за приближување кон ЕУ, беше регистрирана  мала излезност и занемарливата победа на актуелнта власт.

Молдавија со околу 2,6 милиони жители е една од најсиромашните земји на Стариот континент, со БДП од едвај 15 милијарди долари и просечна месечна плата меѓу 500 и 600 евра. Ова е главната причина што ги принудува жителите на поранешната социјалистичка земја да заминат во странство, пред се во Романија и пошироко.

Сепак, главната дилема на претстојните избори ќе биде самиот опстанок на државата. Имено, не треба да има сомнеж дека доколку победат Маја Санду и нејзината политика, Молдавија би била чекор поблиску до распаѓање. Североисточната провинција Придњестровје, која веќе прогласи некаква независност и каде Русија сè уште одржува значителен контингент свои војници, и Гаугазија на југ, со утврденото уставно право да се отцепи, сигурно нема да се согласат да бидат командувани од про -Западен претседател.

Во таква ситуација, дури и најмалата искра ќе биде доволна за да се разгори конфликт од поголеми размери.

Знам дека сте незадоволни од актуелната власт, од фактот што не успеавме да го исчистиме и зајакнеме судскиот систем“. Го разбирам вашето  разочарување. Но, да се обединиме и да не дозволиме враќање на режим кој користи валкани методи, изјави претседталескиот кандидат Маја  Санду.

Од друга страна, Александар Стојаногло ги отфрла врските со Русија, и повикува и на европска интеграција и ставање крај на поделбите што, според него, ги предизвика претседателката  Санду.

Тој е убеден дека неговиот избор за нов шеф на државата ќе овозможи решавање на проблемот на Придњестровје и создавање услови за повторно обединување на земјата.

Она за што повеќето набљудувачи се согласуваат е дека референдумот за приближување кон Европа имаше примарна цел да мобилизира што е можно повеќе луѓе да се појават на гласачките места.

Ниту  локалните медиуми, ниту пак светските медиуми, генерално не даваат податоци за тоа колку граѓани биле подготвени да ги стават своите гласачки ливчиња во референдумските кутии. Се наведува само крајниот резултат кој е толку тесен што објективно не покажува ништо конкретно.

Молдавија е мала земја и се наоѓа на премногу чувствително место за да може да се спротивстави на влијанијата и од Истокот и од Западот.

За тоа се свесни и локалните граѓани и затоа се обидуваат да измерат која опција е поповолна за нив.

Војната во соседна Украина ги доведе тие обиди до точка на отворен конфликт, кој во република со национална структура каде Молдавците, Русите и Романците се практично еднакви по број, може да предизвика катастрофален развој.

Претстојните претседателски избори нема да донесат  некои големи промени во во оваа смисла.

Жителите на најсиромашната земја на континентот ќе продолжат да се обидуваат да ја најдат среќата некаде надвор од границите на својата татковина, сметаат доброите познавачи на состојбите.

Текстот е соопственост на Слободен печат.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.