„Во втор круг со сигурност одиме во Кочани, Берово, Богданци, Јагуновце, Дебарца, Делчево, Куманово, Велес, Карбинци“, изјави на пред малку на прес конференција Гордан Георгиев потпретседател на СДСМ.
„И покрај тоа што некои медиуми го јавуваат спротивното, ние Струмица ја добивме во прв круг, а истото во секој момент очекуваме да бидеме известени и за општина Центар и Ранковце“, рече Георгиев.
Андреј Петров влегува во вториот круг во Карпош.
Тој додаде дека во Билола се води драматична битка во Општинската изборна комисија, „каде што ќе ги употребиме сите правни средства за да влеземе во вториуот круг“, рече Георгиев.