Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герасимовски: Џабе ви е, џабе се мачите, таа работа, таа црна кампања за мене, кај Центарци – не ви поминува!

0
By Zoran Ivanov on October 27, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагираше на засилената негативна кампања во вториот изборен круг, оценувајќи дека таа е резултат на јасниот сигнал што граѓаните го испратија уште во првиот круг.

Ги гледаат анкетите, ги видоа резултатите од првиот круг и се обидуваат на секој можен начин – преку црни кампањи, омаловажување, притисоци и ширење лаги – да направат подобар резултат. Но таа работа во Центар и кај центарци не проаѓа, изјави Герасимовски.

Според него, противкандидатот настапува без реална понуда за граѓаните и со програма што е буквално препишана од неговата. Потенцираше дека граѓаните се доволно информирани, но и мудри да направат јасна и праведна разлика.

Центарци знаат да проценат, но знаат и да донесат правична одлука. Убеден сум дека во вториот круг ќе ја добиеме целосната поддршка и дека предноста ќе се зголеми двојно, изјави тој.

Герасимовски нагласи дека во текот на целиот свој мандат се водел исклучиво од интересот на граѓаните и од принципите на транспарентност и рационално трошење на јавните средства.

Како што рече, еден е од ретките градоначалници кој во изминатите четири години нема потрошено ниту еден денар на непродуктивни трошоци, како патувања, скапи ресторани, патни трошоци и дневници.

Тоа е добар пример како треба да се менува перцепцијата кај граѓаните – дека градоначалникот не е некој што седи во фотелја и троши, туку некој што одговара пред граѓаните за секој денар, порача тој.

Во изминатиот мандат, Општина Центар реализирала капитални проекти во вредност од 13 милиони евра. Општината, како што посочи, не е дополнително задолжена, а наследените долгови се намалуваат. Неговите очекувања се дека целосно ќе се раздолжи општината во текот на следната година.

Граѓаните го препознаа домаќинското работење. Препознаа дека работиме целосно во нивен интерес – и затоа верувам дека поддршката што ја добивме досега ќе прерасне во уште поголема доверба, изјави Герасимовски.

Горан Герасимовски кампања не ви поминува црна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.