Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герасимовски: Нова сала за „Работнички“ веднаш по завршување на судскиот процес

0
By Ivana on October 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Работнички“ е бренд на Центар, тоа е бренд на градот и мораме да направиме добри услови за спортот за клубот и конечно да се направи онаа нова зграда по решавање на судскиот спор за земјиштето, рече Горан Герасимовски кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во вчерашната дебата во емисијата „Објектив“ на МРТ.

Проблемот со „Работнички“ појасни Герасимовски е во тоа што салата е на приватно земјиште коешто е продадено во време на ВМРО-ДПМНЕ за многу ниска цена и за кое што има судски спор. Притоа Герасимовски и забележа на Котлар дека на телевизија и со флаери излегува со ветување дека на истото земјиште ќе има нова сала која е невозможно ниту да се реконструира додека трае судскиот спор.

– Во моментов каде што се наоѓа истата, просторот е мал. Додека не заврши судското рочиште нема услови и можности за да се изгради истата. Има стандарди каков треба да биде теренот, трибини, соблекувални и се останато, а тие нудат на истото место нова сала и сакам да слушнам како ќе ја направат кога не е возможно. Ние сакаме утре да ја направиме дали со јавно приватно партнерство, дали со кредит уште утре да почне истата, а сум сигурен дека ако биде возможно дека досега ќе била направена, изјави Герасимовски.

Тој рече дека и тие имаат ветување за нова сала на „Работнички“ но реално, откога ќе заврши судскиот спор затоа што не може да се вети нешто за што нема сигурност дека ќе биде исполнето. Се додека трае судскиот спор, изградба на нова сала е невозможна, потенцираше тој. Исто така салата сега нема ниту услови за реконструкција појасни Герасимовски поради што ракометарите играат на Кале.

– Израснати сме со клубот, израснати сме на трибината и знаеме многу добро во срцето го носиме што значи Работнички и навивачката група Сити Парк Боус. За да говорат за „Работнички“ за клубот и како ќе функционира мислам дека треба прво да се информираат, рече Герасимовски.

Притоа тој истакна дека судското рочиште според неговите информации е при крај и тој е оптимист дека истото ќе биде во полза на општината, дека тој простор ќе може да се преземе и на цела површина да биде направена една модерна сала којашто ќе биде пример каква што доликува за еден шампион, како еден клуб којшто е бренд на општината и бренд на градот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.