Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герасимовски: Следува модернизација на уште 30 улици и 1000 нови паркинг места

0
By Zoran Ivanov on October 6, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со знаење, со искрена желба, со многу поддржувачи, со многу љубов и човечки однос, постигнавме многу, за да денес со чист образ и нова Програма, ја бараме поддршката за Центар што го сакаме!. Ова вечерва го порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, се наведува во соопштението на СДСМ.

Тој потенцираше дека во Центар се обновуваат улиците и маалата. Со нови улици, паметно осветлување, со модерни детски игралишта, со нова урбана опрема.

Најавуваме модернизација на уште нови над 30 улици, пјацети и маала. Јавно се обврзуваме дека Центар мора да биде првата општина без дрвени бандери и висечки кабли. Центар ќе биде првата општина со најмногу зеленило по жител и со квалитетна содржина во маалата. Знам дека сите сакаат да бидат во Центар и сите да имаат паркинг места! Одговорно велам дека приоритет мора да имаат граѓаните на Центар. И затоа, подготвени се нови 1000 паркинг места. Го затвораме дел од Дебар Маало, за да има ред и пријатна атмосфера за сите, и за жителите и за ценетите гости, рече Герасимовски.

Герасимовски, изјави дека општината самата успеала да го реши проблемот со сметот благодарение на новата опрема и вредните хигиеничари.

Сами успевавме да ги решиме проблемите со сметот! Со нова опрема, со вредни хигиеничари, со присуство на теренот. И не оставаме на другите да решат дали ќе работат. Најавуваме уште нова опрема, цистерни и метларки, најавуваме плус хигиеничари, нови контејнери и канти. Во Центар има разлика, и мора да биде подобро и најдобро. Во Центар се правеа паркови, пјацети и оази, и немаше место за депонии. Обновуваме зеленило и ќе продолжиме. Садевме квалитетни дрвја и ќе садиме уште повеќе. Центар добива уште нови зелени оази и вистинско зеленило и хигиена, истакна Герасимовски.

Тој додаде и дека ќе се добие борбата против бучавата и прекршителите на мирот и редот во Центар со поставување на нови бројни и јавни мерачи на бучавата, за да конечно се искорени.

 

Горан Герасимовски кампања лпкални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
ФОКУС

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

ВЕСТИ October 10, 2025

Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека…

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.