Автомобилската индустрија во Германија се согласи на барањето од националните и федералните власти да го обноват софтверот на 5,3 милиони транспортни возила на дизел.
Кризните преговори помеѓу германските произведувачи на автомобили и политичарите се завршени со компромисно решение за намалување на емисиите на штетни гасови.
Германските автомобилски компании ќе инсталираат нов софтвер поради зголемување на ефикасноста на системот за пречистување на штетните гасови и намалување на нивоата на загадување од азотен – оксид за 25 до 30 отсто, соопшти германската автомобилска асоцијација ВДА.
Автомобилските компании се согласиле да дадат финансиски допринос на фондот за „одржлива мобилност“, кој би требало да им помогне на германските градови во намалување на загадувањето на воздухот.

