Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија: Транспортот на гас со Северен тек 2 не загрозува никого

0
By НОВА ТВ on October 27, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот регулатор има рок до почетокот на јануари да го сертифицира гасоводот, но би можел и порано да ja донесе одлуката.

Транспортот на руски гас во Германија преку гасоводoт „Северен тек 2“ нема да го загрози снабдувањето на најголемите европски економии, ниту на Европската унија, соопшти германското Министерство за економија.

Иако гасоводот е подготвен за испорака на гас, сертификатот на Федералната агенција на германската (гасна) мрежа се уште недостига, а анализата на Министерството е клучен услов за ова регулаторно тело да продолжи со процесот на сертификација.

„Во својата анализа, Сојузното Министерство за економија заклучи дека издавањето на сертификатот не ја загрозува безбедноста на снабдувањето со гас на Германија и на Европската унија“, се вели во соопштението на Министерството.

Исто така, се предлага Министерството да ја достави својата анализа до регулаторното тело по разговорите со соседните земји на ЕУ, додавајќи дека можност за учество во консултациите добиле Италија, Австрија, Полска, Чешка, Унгарија, Естонија, Летонија и Литванија.

Германскиот регулатор има рок до почетокот на јануари да го сертифицира гасоводот, но би можел и порано да ја донесе одлуката.

Откако регулаторното тело ќе ја даде својата препорака, документот се испраќа до Европската комисија, која има рок од два месеца да се произнесе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.