На состанокот во Берлин бил усогласен Нон-пејпер со кој требало да се надмине историскиот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија и да и се отвори патот на земјата за почеток на преговори со ЕУ.
Главниот компромис е направен во однос на македонскиот јазик, со тоа што на Бугарија и се нуди можноста преку декларација, како анекс на Преговарачката рамка, да соопшти дека под „македонски јазик го подразбира јазикот согласно Уставот на Република Северна Македонија“.
Но за остатокот од ЕУ, јазикот останува македонски.
Состанокот го организираа шефот на германската дипломатија Хајко Мас и министерот за Европа Михаел Рот, а на него присуствуваа шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и нејзиниот заменик Петко Дојков, како и македонскиот МНР Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров.
По враќањето во Софија, бугарската страна се повлекла од договореното, тврди австрискиот новинар и дописник на националната ТВ ОРФ за Балканот, Кристијан Вершуц, кој го објави Нон-Пејперот на својата Фејсбук страница попладнево.