Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германска репортерка доби отказ поради лага дека помагала во поплавените подрачја

0
By Biljana on July 23, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сузана Охлен (39) репортерка на германскиот ТВ канал „Ер Те Ел“, добила отказ откако била фатена како се мачка со кал пред да снима репортажа во градот Бад Мунстереифел кој беше разурнат град од поплавите што ја погодија Германија, пренесува „Дојче Веле“.

Охлен се намачкала со кал за да се преправа дека учествувала во напорите за расчистување на градот по големите поплави што однесоа најмалку 170 животи.

На снимката се гледа репортерката која е облечена во сина кошула, капа и чизми, а потоа може да се воочи како се наведнува, зема кал и ја размачкува на нејзината облека додека е опколена со оштетени куќи и остатоци од поплавите. Потоа се наведнува по втор пат, овој пат мачкајќи ја калта на лицето.

Каналот „Ер Те Ел“објавил репортажа „Чистење по поплавите: Репортерка на RTL помага во Бад Мунстереифел”, а набљудувач ја снимил репортерката дека непосредно пред снимањето се валка со кал и тоа го објавил на социјалните мрежи.

https://twitter.com/i/status/1418169326335582214

Охлен подоцна им се извинила на гледачите, посочувајќи дека направила „сериозна грешка“ со тоа што мачкала кал на нејзините алишта пред да се вклучи во програма.

„Како новинар, ова не смееше да ми се случи. Откако во претходните денови, навистина приватно помагав во овој регион, ми беше срам да застанам со чиста облека пред камерата.  Без да размислам убаво ја намачкав облеката со кал и навистина жалам за тоа“, напиша таа на Инстаграм.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.