Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германската економија и натаму стагнира, „Фолксваген“ објави нето загуба од 1.072 милијарди евра во третиот квартал

0
By Zoran Ivanov on October 30, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската економија продолжи да стагнира и во третиот квартал од годинава, а некои од најголемите компании, меѓу кои и групацијата „Фолксваген“ и националниот авиопревозник „Луфтханза“ бележат негативни резултати во работењето. 

Германскатат статистичка служба соопшти дека бруто домашен производ (БДП) во третиот квартал остана непроменет во споредба со претходниот тримесечен период. Иако има подобрување во однос на падот од 0,3% забележан во вториот квартал, сè уште не е на повидок пораст по две последователни години рецесија, јави ДПА.

Најновиот квартален резултат дополнително ќе го зголеми притисокот врз владата на канцеларот Фридрих Мерц.

За 2025 година како целина, водечките економисти очекуваат економијата на Германија да порасне за 0,2%, благодарение на малото закрепнување забележано во првиот квартал, кога БДП порасна за 0,3%.

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ денеска објави нето загуба од 1,072 милијарди евра за третиот квартал, а како главна причина се наведуваат проблемите во неговата подружница „Порше“.

Во текот на првите девет месеци од 2025 година, нето добивката на групацијата „Фолксваген“ се намали за повеќе од 60% на 3,4 милијарди евра од 8,8 милијарди евра претходната година.

Поради проблемите во работењето групацијата најави намалувања на 35.000 работни места до 2030 година, што е речиси една четвртина вкупно од 130.000 работни места во фабриките на „Фолксваген“ во Германија.

Пад на заработката објави и германскиот национален авиопревозник „Луфтханза“. Во третиот квартал профитот на авииокомпанијата е намален за 1% и покрај зголемувањето на бројот на патници. Како прилини се наведуваат падот на цените на билетите и повисоки трошоци.

И покрај тоа што бројот на патници порасна за 3% на околу 42 милиони помеѓу јули и септември, заработката пред исплата ма камати и даноци (EBIT) се намали за 1% на околу 1,3 милијарди евра во споредба со истиот период минатата година.

Нето добивката се намали за 12% на 966 милиони евра поради негативниот даночен ефект.

Сепак, за целата 2025 година, Луфтханза сè уште очекува оперативна добивка повисока од 1,6 милијарди евра во споредба со претходната година.

 

германска економија стагнира
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.