Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска најавија инвестиција на германската компанија „Герешајмер“ АГ, со што ќе бидат отворени 400 нови работи места.
Извршниот директор на компанијата Дитмар Сиемсен преку видео порака најави дека изградбата на фабриката фабрика за медицинска пластика во Скопје ќе започне во првата половина од годинава, а произведството треба да стратува во средината на наредната година.
Според него, земјата е идеална локација за проширување на нивното производство, бидејќи нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите.

