Олаф Шолц: Никој не треба да претерува со очекувањата за мировната конференција за Украина, која во јуни треба да се одржи во Швајцарија, јави.
Нема да преговараме таму за да ставиме крај на војната. Во најдобар случај, ова е почеток на процес кој може да доведе до директни преговори меѓу Украина и Русија. Во Швајцарија тие ќе бидат за безбедноста на нуклеарните централи, извозот на жито, прашањето за размена на воени заробеници.
На Украина итно и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана. Путин очигледно сака да ја уништи инфраструктурата на Украина, нагласи германскиот канцелар.