Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гинекологот добивал откази, министерството знаело и за друг случај

0
By Менче Атанасова Точи on April 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Министерството за здравство уште во 2013 та година била поднесена претставка од пациентка која пријавила дека три месеци била манипулирана и лажена од гинекологот Никола Дамчевски дека е бремена. Ова денеска за НОВА го потврдија од министерството, каде што велат дека тогаш била формирана комисија да го испита случајот.

“Станува збор за претставка од декември 2013 година, за која веднаш од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен надзор согласно наводите во претставката и тоа во сите здравствени установи каде што пациентката примила здравствена заштита.

Во извештајот од инспекцискиот надзор е инициран стручен надзор, врз основа на што, согласно Законот за здравствена заштита, формирана е комисија за стручен надзор од Лекарската комора на Македонија. Информирани сме од Лекарската комора дека е спроведен стручен надзор. Добиениот извештај е доставен до основното јавно обвинителство, на барање на обвинителството.

Министерството за здравство не е во можност да изнесува и коментира детали за овој случај, имајќи предвид дека за случајот е оформен предмет во основното јавно обвинителство“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Зошто во Лекарската комора не го кажаа овој момент, што се случило со овој предмет во обвинителството, зошто цели четири години случајот нема разврска и дали е воопшто започната постапка не е познато. Од ОЈО само одговорија дека не постои друг предмет за истиот лекар. Пациентката пред четири години пријавата во Министерството за здравство ја доставила откако побарала второ мислење во приватната болница Ре-Медика каде што и соопштиле дека воопшто не била бремена.

Всушност првото работно место на овој гинеколог било токму во оваа приватна болница каде како што велат„за среќа не работел на Ин витро оплодување, но покажувал тендениција кон манипулирање и лажење на пациентките“. Токму од таа причина и не му бил продолжен договорот за работа во болницата.

„Уште веднаш насетивме дека нешто не е во ред со него. Кај мене доаѓаа пациентки кои се жалеа дека им нудел услуги со кои ќе направи да добијат пол на бебе по свој избор, им нудел чудни надрилекарски услуги кои с е забранети со закон, така што за сето ова беше предупредуван повеќе пати. Од тие причини не му го продолживме договорот за работа“, изјави за НОВА Елица Јорданова, генерален директор на Ре- Медика.

НОВА истражуваше каде се работел гинекологот после ова, каде и во која болница ги манипулирал пациентките со оглед на тоа што сменил повеќе болници и секаде добивал откази. По Ре-Медика  гинекологот отишол да работи во приватната болница „Св. Лазар“која веќе не постои.  НОВА стапи во контакт со сопствениците на оваа поранешна болница кои се од Бугарија.

Од таму ни кажаа дека не знаат за манипулациите со бременоста на пациентките, но потврдија дека гинекологот направил големи големи финансиски злоупотреби.

„Имаше страшни прикривања на парите, буквално крадеше и токму заради тие финансиски злоупотреби гинекологот доби отказ од работа“, изјави за НОВА сопственичката на поранешната болница „Св. Лазар“. После ова Дамчевски работел уште во две приватни болници, од кои едната  „Моја болница “ веќе не постои, а во третата, Неуромедика менџерот воопшто не даде изјава.

Но, најиндикативно од се што и покрај тоа што во Министерството з а здравство знаеле за пријавата кон гинекологот од пред четири години, сепак со трансфер од приватно тој е префрлен да работи во јавно здравство. Во септември минатата година Дамчевски е вработен на Клиниката за гинекологија и акушерство каде што работи на одделот за Ин витро оплодување. Директорката Марија Хаџи Лега денеска за НОВА изјави дека немала сознанија за вакви дејанија на гинекологот, но по објавување на сторијата на НОВА побарала изјава од него. Таа вели дека одговор се уште не добила, а Дамчевски не доаѓа на работа бидејќи земал годишен одмор.

„Немаме никаков официјален документ, а со тоа и правна можност за да преземеме нешто се додека не се изјаснат Лекарската комора и Министерството з а здравство дали има забрана за вршење на дејност. Пративме допис до нив, но се уште немаме никаков одговор. Доставивме писмено барање и до обвинителството дали има истрага, но и од таму немаме одговор“, изјави Хаџи Лега за НОВА.

Сепак на Клиниката за гинекологија знаеле за случајот. Во септември минатата година до Управниот одбор на клиниката, преку архива било доставено писмо од страна на адвокатката Ирена Фрчкоска каде што известува за случајот со пацинетката, но директорката Хаџи Лега вели дека не добила никаков допис. Писмото до Клиниката за гинекологија, според адвокатката Фрчоска било пратено на 1 септември 2016 година, непосредно пред да биде примен на работа гинекологот таму.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.