Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гласачи од Пустец и натаму во Избирачкиот список

0
By Соња Петрушевска on August 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од спорните гласачи од Пустец и натаму ги има во Избирачкиот список. Електронска проверка на списокот кој од денеска е ставен на јавен увид покажува дека во Избирачкиот спиок и натаму се присутни жители од Пустец. Таков е случајот со 17 жени и мажи кој живеат на иста адреса, улица 29 ноември 116 во Ресен и кои се уште ги има на Избирачкиот список.

 

Од Државната изборна комисија велат дека тие не можат „на своја рака“ да ги избришат овие жители. „Процедурата е следна – граѓаните сами треба да отидат во МВР и да побараат смена на адресата на живеење и потоа да дојдат кај нас, па да ги избришеме. Ние не можеме сами да ги избришеме“ објаснува портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска. Избирачкиот список, ДИК го дава врз основа на податоците од МВР, Управата за матични работи и основните судови во Македонија, објаснува Гугучевска.

Пред парламентарните избори во декември 2016 година, од Избирачкиот список беа избришани најголем број од  гласачите од Пустец кои имаа адреси на општина Центар и сега во Избирачкиот список ги нема 66 жители од Пустец кои беа регистрирани на ист стан на улицата Максим Горки. Но и тогаш не беа избришани сите гласачи од Пустец кои добија лични карти во општина Ресен – од Дик  изјавија дека е можно  овие лица во меѓувреме да обезбедиле имотни листови и да го стекнале законскиот услов да бидат впишани во списокот на гласачи, а како стигнале до имотните листови треба да утврди Обвинителството.

Дел од овие граѓани добија лични карти пред локалните избори во 2013 година.

Во Избирачкиот  список што денеска е ставен на јавен увид за  претстојниот есенски рефрендум  се запишани  вкупно 1.805.700 граѓани и ќе трае до 23 август. Увидот ќе се врши во подрачните канцеларии на ДИК и електронски на официјалната интернет страница на Комисијата. Граѓаните при увидот треба да се идентификуваат со покажување важечка лична карта или пасош, додека пак проверката ја прават електронски, апликацијата ќе биде постојано отворена за јавен увид, а пребарувањето може да се врши според единствен матичен број, адреса или име и презиме.

„Секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини. Барањето граѓанинот може да го поднесе до подрачното одделение или канцеларија на ДИК според неговото место на живеење“ рече Гугучевска.

Истовремено со јавниот увид денеска започна и пријавувањето за изјаснување на иселениците во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии  на Република Македонија во странство, што, исто така, ќе трае до 23 август. Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање во странство може да се пријават директно во Де-ка-пеата и конзуларните канцеларии или електронски преку веб апликацијата dijaspora.sec.mk  објавена на интернет страницата на ДИК.

ДИК ќе отвори избирачки места во сите ДКП каде за гласање ќе се пријават над 10 избирачи. Ако нема пријавено минимум 10 гласачи, избирачкото место нема да се отвори, објаснуваат од ДИК.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.