Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гласачки сѐ помалку – неважечки ливчиња сѐ повеќе

0
By Zoran Ivanov on October 21, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Во споредба со претходните изборни циклуси, бројот на неважечки ливчиња бележи пораст. Па така, на локалните избори 2017 година имало 11.472 неважечки ливчиња за градоначалници и 13.367 за совет, а на локалните избори во 2021 година – вкупно 37.859 „пропаднати“ гласови.

Два дена по изборите полека стивнува првичната славеничка атмосфера. Во фокусот се подготовките за вториот изборен круг на 2 ноември и анализите за резултатите од првиот круг. А, тие покажаа загрижувачки податоци.

ВМРО-ДПМНЕ прогласи „историска победа“на локалните избори во Македонија, Коалицијата Влен порача дека е втора политичка сила во државата. Опозициската СДСМ прави анализи на изборните резултати во споредба со изминатите години, а Левица зема залет пред вториот круг на локалните избори, каде влезе во главната трка за Градот Скопје, со кандидатот Амар Мециновиќ, кој ќе ги измери силите со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Два дена по изборите полека стивнува првичната славеничка атмосфера. Во фокусот се подготовките за вториот изборен круг на 2 ноември и анализите за резултатите од првиот круг. А, тие покажаа загрижувачки податоци.

Повеќе од половина од гласачите на изборите на 19 октомври се одлучија да останат дома. Голема е бројката и на оние коишто се појавија на гласачките места, но само за да пречкртаат или напишат некоја шегобијна порака.

Според податоците на ДИК, секое 16-то ливче е неважечко, што е речиси двојно повеќе во однос на минатите локални избори во 2021 година. Државната изборна комисија сега изброја 53.713 неважечки гласови, што е речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови. Само во Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња.

Во споредба со претходните изборни циклуси, бројот на неважечки ливчиња бележи пораст. Па така, на локалните избори 2017 година имало 11.472 неважечки ливчиња за градоначалници и 13.367 за совет, а на локалните избори во 2021 година – вкупно 37.859 „пропаднати“ гласови. На претседателски избори 2024 година евидентирани се вкупно 24.305 неважечки ливчиња, додека на парламентарни избори во 2024 година беа избројани 27.127 ливчиња кои не биле пополнети согласно изборните одредби.

Се стопи партиската поддршка, повеќе од половина од гласачкото тело остана дома

Избори без гласачи

На локалните избори право на глас имаа 1.832.415 избирачи, кои гласаа на 3.474 избирачки места. Од нив на изборите излегле 885.085 граѓани, а важечки се 831.361 ливчиња. Излезноста е 48,30%, соопшти Државната изборна комисија. Во четири општини не се исполнети законските услови за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, поради што ќе се повтори целиот прв изборен круг во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати. Повторување на првиот круг на избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа.

На локалните избори на површина исплива сѐ поголемата незаинтересираност на граѓаните за гласање, што резултираше со пад на гласачкото тело кај речиси сите партии.

Според ДИК, на локалните избори за советнички листи гласале 48,29% од запишаните избирачи. Победник е ВМРО-ДПМНЕ со над 301 илјада гласови. Тие имаат два и пол пати повеќе од социјалдемократите, кои освоија над 125 илјади гласови.

За споредба, на парламентарните избори во 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше над 439 илјади гласа, додека СДСМ – над 154 илјади гласа.

Сите добија или сите загубија? 

„ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година, кога имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33 општини“,  велат од партијата. Според нив, на локалните избори СДСМ освоиле околу 126 илјади гласови на советничките листи, што е најлош резултат во историјата.

Или во број на советници, СДСМ има 230, што е за 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Во споредба со 2021 година, СДСМ имаат загубено околу 110 илјади гласови, а приближно 170 советнички места, велат од владејачката партија.

СДСМ, пак излезе со поинаква математика. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ загубиле 140 илјади гласови, со што разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ e значително намалена.

Политичката партија Левица добила поддршка од над 57 илјади гласачи, а партијата ЗНАМ – над 38 илјади. Коалицијата Искуство за успех (ГРОМ, ЛДП, Интегра, ПЦЕР) освоила околу 13.000 гласови.

Аналитичарите велат дека по првичната еуфорија, партиите ќе треба да се соочат со бројките кои што ја покажуваат вистинската состојба на теренот.

„Еуфорија значи еуфорична емоционална состојба, претерано чувство на радост, триумф, често посилно од реалноста и тоа не трае долго“, порача политичкиот аналитичар Сефер Селими на социјалните мрежи, споделувајќи табела со освоени гласови на листите за советници на локалните избори.

Што се однесува до албанскиот блок, и по локалните избори трае битката за легитимитет меѓу коалицијата Вреди, која е дел од владината коалиција и опозициската ДУИ.

Партијата на Али Ахмети и нејзините коалициски партнери во првиот круг избори добија околу 114 илјади гласа, а коалицијата Вреди над 91 илјада гласови. Во споредба со парламентарните избори во 2024 година – „Европски фронт“ на ДУИ освои 137.561 гласа, а коалицијата „Вреди“ доби поддршка од 107.081 гласачи.

Текстот е сопственсот на Дојче Веле.мк

 

анализа избори локални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.