Со седум гласа „за“, Државната изборна комисија денеска констатираше дека гласањето на избирачкото место 1234 во село Криволак, Неготино, се поништува и нема да се прегласува.
Ваквата одлука, ДИК ја донесе со образложение дека резултатите од тоа избирачко место не одлучуваат за вкупните резултати од претседателските избори кои се одржаа на 13. април.
Како што било јавено во ДИК, на 13.април, околу 17.10 часот, гласачката кутија била искршена а изборниот материјал бил расфрлан.
Лицето кое ја искршило кутијата експресно бил приведен во Полициската станица во Неготино, каде што алкотестирањето покажало дека има 3 промили алкохол во крвта. Се работи за тресет и четиригодишен маж.