Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гласот на младите: Мартин Галевски, докторант на Оксфорд и постдипломец на Кембриџ

0
By Борјан Јовановски on January 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Редакцијата на НОВА новата декада им ја посветува на младите и нивната борба да останат дома и покрај сите институционални и политички бариери.

Во декадата во која што влеговме еден од најголемите предизвици за македонското општество ќе биде како да се задржат младите генерации во Македонија. Ќе треба да се најдат одговори, а потоа и капацитети за институционални реформи кои ќе овозможат на младите талентирани и образовани луѓе да ги реализираат своите потенцијали дома, во Македонија. Во спротивно, Македонија како мала држава ќе се најде загрозена ако продолжи актуелниот тренд на иселување со што во прашање ќе биде доведена супстанцата и највиталните ткива на македонското општество.

Поради тоа редакцијата на НОВА оваа 2020 година им ја посветува на младите луѓе кои имаат што да кажат и за тоа што можат и што сакаат и што им треба за да останат во Македонија. Разговаравме со повеќе млади луѓе кои веќе имаат богати професионални биографии и искуства од студирање или работење во странство. Без исклучок сите со нас ја споделија желбата дека би сакале своите знаења и таленти да ги стават во функција на развој на ова општество во кое се родиле и кое го сакаат повеќе од било кое друго и покрај сите негови мани и девијации.

Затоа од денеска ја започнуваме нашата рубрика „Гласот на младите“ во обид нивните размислувања да допрат до сите како поттик и инспирација, а најмногу до оние одговорните во институциите чија должност е да сторат се што е во нивна моќ за да им дадат шанса на оние од кои зависи и иднината на Македонија.

„Гласот на младите“ е рубрика отворена за сите кои сметаат дека треба да истапат јасно и гласно за да го кажат својот став и своите размислувања за се што ги брка од своите домови и се разбира да сугерираат што треба да се направи за да се исполнат сите неопходни услови кои ќе им овозможат да се остварат во својата земја.

Ги повикуваме сите млади кои сакаат да бидат дел од оваа рубрика да ни се обратат на нашиот маил novatvweb@gmail.com или на нашата ФБ страница https://www.facebook.com/NovatvWeb/?eid=ARB_9CVCN8T6n848jC6fhVXvsx1lF3U_wb0G1RXhV0v-2Bx-xTU-YSrhZx2C3gA0uBzI8_dJt7kozyGf

Во наредните седум дена ви ги претставуваме Мартин, Кристијан, Даниел, Ива, Сенада, Михаела…

Започнуваме со Мартин Галевски, постдипломец на Оксфорд и докторант на Кембриџ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.