Главниот осомничен за терористичкиот напад во Барселона, Муса Укабир, е еден од петмината убиени од полицијата во Камбрилс – објави „BBC“ доцна вечерва.
Неколку часа по нападот во Барселона, полицијата соопшти дека убила петмина „терористи“ кои подготвувале сличен напад во Камбрилс. Притоа биле ранети шестмина цивили и еден полицаец.
Укабир го возел комбето, кое влета во народот на туристичката улица Лас Рамблас, во Барселона и усмрти 13 луѓе, а повреди стомина.

