Светската трговска организација побара помош од земјите на Азијско пацифичкиот регион АПЕК, за постигнување на договор за намалување на ограничувањето во трговскиот сектор.
Организацијата порача дека договорот е на „дофат на рацете“.
Роберто Азеверо, шеф на СТО ги повикал 21 членка на Организацијата за економска соработка за АПЕК своите несогласувања да ги остават на страна, за да може да се направи договорот што побргу, до почетокот на декември кога се одржува состанокот на Бали пренесува Франс-прес.
„Подршката ни е потребна повеќе од кога било.. Се надеваме дека со доаѓањето, тука им пративме порака на министрите на АПЕК, колку ни е потребно ангажирање околу капиталот и на самите министри, изјави Азеверо на Самитот на АПЕК на Бали.
Несогласувањата околу потребните концесии, предизвикаа несогласувања меѓу Кина, ЕУ, Индија и САД, што во 2008 година доведе до блокирање на т.н Доха- рунди преговори.