Љубомир Костовски: Премиерот Мицковски ја спори кошничката според која се мери БИОЛОШКАТА ИЗДРЖЛИВОСТ на 4-члено семејство во земјата во која живее. Тој оспорува работи што ги нема кога среде рестрикции од корона го пркршува јавниот ред и мир и вечерта ја поминува во кафеана на Боемска улица. Па кога го откриваат новинарите ги тера келнерите да го рушат ѕидот за да побегна на задната врата која ја нема, во тек е импровизација. Делува комично кога тој говори што користел, а што не од кошничката на Синдикатот. Настрана што тоа е само основ за преживување а не и основ за елементарен стандард кој претпоставува промена на мебелот на секои 10 години, па дури и промена на автомобил од пониска категорија. Што е неговата идеја? Да ги одлага преговорите за најниска плата додека може и да ја штити финансиската олигархија. Да не мора да го влече за ракав вечниот претседател на Стопанската комора – Азески.