Македонија и Делчево,денеска ја одбележуваат 154-тата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.
Гоце Делчев е еден од највидните водачи на македонското револуционерно и ослободително движење. Хроничарите ќе забележет:
Делчев беше Голем Човек,со уште поголема Мисла,со чисто и непроценливо револуционерно Дело за создавање на независна македонска држава,со истенчен Природен рефлекс за реалното време во кои делувал. Човечки феномен и вечен,завет на нашето, македонското постоење како народ,на немирниот Балкан во кој,се уште се смета дека само смртта може да го осмисли животот.
Делчев без сомнение стаана најсветлиот лик на македонското револуционерно дело со висока човечката доблест, неуморна револуционерна работа и силна мисловната димензија. Се школувал во Солун и во Софија,учителствува во Штип, а целиот свој живот го посветил на создавањето и зацврстувањето на мрежа на ТМОРО и на создавањето на независна македонска држава.
Гоце Делчев е познат и по својата аксиома споиред која тој светот го разбирал како поле за културен натпревар меѓу народите.




