Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mејлови на Епштајн: Мозоци од Македонија користени во истражување за нов лек

0
By Zoran Ivanov on February 2, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 2, 2026 14:31

Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички за бело робје, Џефри Епштајн.

Во еден од мејловите што се појавија во јавноста, Епштајн е информиран за научно истражување поврзано со развој на лек кој, според тврдењата, би можел да ги стопира самоубиствените нагони. Во рамки на ова истражување, како што стои во пораката, биле користени и човечки мозоци од Македонија.

Ги зеле примероците и мозоците, најпрво на Универзитетот во Питсбург, а потоа, во 1994 година, во Колумбија. Досега имаат собрано колекција од околу 1.000 човечки мозоци — некои од жртви на самоубиство, други контролни мозоци — уредно складирани во замрзнувачи на -112°F. Малата балканска земја Македонија ги придонесува најновите мозоци, благодарение на член на факултетот на Колумбија кој потекнува од таму и помогнал во организацијата. Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и се транспортираат во сандаци, под надзор, околу 4.700 милји, за да завршат во црни кутии со големина на кутија за чевли, обележани со QR-кодови. Внатре се наоѓаат исечени делови од розево ткиво во пластични кеси, означени со маркери: десна страна, лева страна, датум на собирање, се наведува во мејлот, испратен до Епштајн од лице чие име е целосно цензурирано.

Станува збор за информативна електронска порака во која, според содржината, му се презентира истражувачкиот проект и неговата научна позадина, најверојатно со цел да се побуди интерес за можна инвестиција во компанија која би го комерцијализирала потенцијалниот лек. Мејлот е комбиниран со објава и анализа од „Блумберг“, што дополнително укажува на обидот проектот да се прикаже како сериозна научна и бизнис-можност.

Иако во пораката не се наведуваат имиња на институции или поединци од Македонија, самото споменување на земјата во ваков контекст отвора сериозни прашања за начинот на прибирање, користење и изнесување на човечки биолошки материјал, како и за етичките и правните аспекти на ваквите истражувања.

 

Колумбија Македонија мозоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.