Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трендафилов: Чекавме во ССМ но никој од Владата не дојде да потпише

0
By Zoran Ivanov on February 2, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 2, 2026 14:02

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, реагираше по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „не е проблем да дојде во ССМ“, обвинувајќи дека Владата денеска свесно избегнала да ја потпише спогодбата за зголемување на минималната плата.

Во 9 часот во Сојузот на синдикатите на Македонија го чекавме претставникот на Владата да дојде и да потпишеме спогодба за утврдување на висината на минималната плата, започнувајќи со исплатата за месец февруари 2026 година, со која минималната плата се зголемува на 600 евра во нето, а останатите плати се зголемуваат за најмалку 6.000 денари, објави на социјалните мрежи Трендафилов.

Според него, проблемот не е само минималната плата, туку и ниските плати што ги земаат голем број работници.

Не се проблем само овие плати, проблем се ниските плати кои поголем број работници ги примаат и затоа веднаш мора да се зголемат останатите плати за најмалку 6.000 денари и да се зголеми минималната плата на 600 евра, порача претседателот на ССМ.

Трендафилов оцени дека со непојавувањето на Владата „паднале маските“.

Денеска паднаа маските, се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови. Денеска не дојде како што го поканивме – тие имаа други приоритети и се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на работничките плати, ниту минималната плата, ниту останатите плати, изјави тој.

Тој посочи дека Владата реагирала само под притисок.

Мала криза и одма почнаа да наддаваат со зголемување на платите. За борбата што ја водеше Синдикатот на УПОЗ речиси една година, за што протестираа работниците во управата, а Владата одбиваше да го направи, денеска зборуваат дека ќе го прават, рече Трендафилов.

Според него, иако по протестите бил прифатен предлогот за зголемување на платите во управата и правосудството, Владата повторно не постапила навреме.

Добро е што по големиот работнички протест го прифатија предлогот на Синдикатот на УПОЗ, но требаше веднаш и без одлагање да го потпишат колективниот договор. Денеска требаше да ги зголемат платите во управата за 40 проценти, но не се појавија на потпишувањето – бегаат од одговорноста, како што бегаат цела 2025 година, изјави тој.

Трендафилов предупреди и на последиците од евентуални измени на Општиот колективен договор.

„Барањето за укинување на одредбите од Општиот колективен договор значи намалување или откажување од работничките плати за 21,8 проценти за околу 130.000 работници во јавниот сектор. Во парички, тоа значи да им земат три парички, а да им дадат една – што е недозволиво“, нагласи тој.

Дополнително, според него, укинувањето на договорот би значело губење на повеќе работнички права.

Тоа значи вработените да останат без јубилејни награди, без К-15 во образованието, здравството, одбраната и полицијата, како и без додатоците на плата што беа зголемени со Општиот колективен договор, рече Трендафилов.

На крајот, тој постави директно прашање до Владата.

Го поставуваме прашањето дали оваа Влада не само што не сака да им даде зголемување на платите на работниците, туку сака да им земе сѐ на работниците?, изјави претседателот на ССМ.

По големиот митинг на ССМ одржан во петокот, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека прифаќа да се потпише колективниот договор за зголемување на платите за 40%, но не како што побараат синдикалците во февруари туку покачувањето на платите да биде етапно за две години.

 

 

Влада колективен ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.