Орце Георѓиевски се пофали дека во неговиот тим меѓу неколкумина професори бил и Гоце Станковски, кој своевремено како раководител во Министерството за транспорт и врски беше уапсен, обинет и осуден за примање поткуп.
Станковски за поткуп од 9.000 евра доби две и пол години затвор. Министер беше Миле Јанакиески, а Гоце му ветил на Скопјанец сообраќајно решение за дозвола на бензинска пумпа на патот Скопје – Велес.