Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја одбрани титулата на Мастерсот во Рим по триумфот во финалето над Новак Ѓоковиќ со 6:0, 4:6, 6:1. За вториот светски рекет ова е деветти трофеј во италијанската престолнина во кариера и воедно прв во 2019 година за што му требаа два часа и 25 минути игра.
Надал беше исклучително убедлив на стартот против Ѓоковиќ и по 38 минути поведе со 1:0 без загубен гем (6:0) што прв таков случај во досегашните 142 сета во нивните меѓусебни дуели.
Српскиот тенисер заигра со поголема жар во вториот сет, успеа да спаси три брејк топки во седмиот гем и поведе со 4:3. Во десеттиот гем го запиша и првиот брејк и израмни на 1:1 и вовед во решавашки трет сет кој, речиси, да беше копија на првиот.
Шпанецот освои три сервиси на Ѓоковиќ (во првиот гем, во петтиот гем и во седмиот гем) што беше повеќе од доволно за 34 Мастерс титула во неговата кариера. Надал со оваа победа намали на 26:28 во дуелите со српскиот ас кој остана на четирите титули во Рим – во 2008 година, во 2011 година, во 2014 година и во 2015 година.