Голем пожар, кој според пишувањата на социјалните мрежи сериозно се приближил до семејните куќи му се заканува на Кочани, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, најкритично е кај улицата „Васил Главинов“.
На терен се противпожарни возила, а во справувањето со пламените јазици се приклучија и локалните жители. Сепак, поради силниот ветер, гаснењето се одвива отежнато.