Голема акција од која се очекува да го спречи криумчарењето на цигари се одвива во моментов во повеќе македонски градови.
Од Министерството за внатрешни работи неофицијално велат дека уапсени се вкупно 19 лица, по шест во Скопје и Струмица, три во Берово, два во Кочани и по еден во Тетово и Делчево.
Според првичните информации меѓу уаспените има и еден полицаец вработен од граничната полиција, а три лица се уште се во бегство.
Неофицијално кривична пријава се подготвува за 20 лица, меѓу кои се наоѓа и еден бугарски државјанин.
Групата од 2010 година внесувала илегално цигари од Албанија и Косово и ги складирала во складишта во Скопје како и во импровизирани магацини во близина на македонско-бугарската граница.
Според неофицијалните информации, кај дел од осомничените е пронајдена и марихуана.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени утре.