Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Големата политичка грешка на Макрон

0
By Светлана Јовановска on December 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денес може слободно да се тврди дека Франција е алергична на силни економски реформи. Сите француски претседатели во последните децении, се обиделе да воведат реформи но, сите до еден, се откажувале од нив под притисокот на улицата. Макрон дојде на власт, самоуверен и уверен дека тоа нема го дозволи. Летово, успеа на донесе реформа на железницата и не попушти пред протестите. Вооружан со овој успех, тргна во поголем поход. И не издржа пред гневот на Французите.

По четири седмици масовни и насилни протести, претседателот Емануел Макрон синоќа конечно се појави на телевизиските екрани во обид да го смири гневот на неговите сограѓани кои бараат поголема куповна моќ. Гнев распален од реформите што Макрон се обиде да ги стави на шини за да го намали долгот на земјата и да ја подобри економската состојба во Франција.

Гневот се преслика во движењето на “жолтите елеци”, движење без лидер и организација и, за прв пат, децентрализирано движење зад кое не стои ниту еден од моќните француски синдикати.

Така, со емотивен набој којшто се граничеше со патетика, Макрон синоќа најави зголемување за 100 евра на минималната плата, дефискализација на парите заработени од прекувремена работа и намалување на даноците за пензионерите чијашто пензија е помала од 2.000 евра. Макрон најави и промена на начинот на владеење и им вети дека ќе ја сплоти земјата со тоа што ќе ги повика сите Французи да учествуваат во дијалогот. За таа цел, тој на помош ги повика градоначалниците кои, според него, луѓето од теренот кои најдобро ја познаваат состојбата. И вети дека тој лично ќе патува во сите региони, на средби со сите нив за да се “олесни националниот дијалог”.

Според Макрон, суштината на кризата е долгото незадоволство на граѓаните кое датира од “пред 40 години”. Макрон ги потсети Французите дека тој побарал да биде претседател токму за да го смени овој тек на нештата. Претседателот побара од Французите да му простат што му требало долго време да ги разбере нивните маки.

Претседателските ветувања не наидоа на топол пречек. Ни дома, ни во Европа.

Првите коментари во европските медиуми подвлекуваат дека е убаво што Макрон им ветува новогодишни подароци на Французите, но овие подароци ќе го зголемат долгот на Франција и ќа је доведат во опасност европската даночна дисциплина, што е ризик за еврозоната. Најавените “подароци” ќе ја чинат државата помеѓу 8 и 10 милијарди евра и многумина се прашуваат како ќе бидат финансирани.

“Жолтите елеци” во очекување на говорот на Макрон

Но, да се вратиме назад во Франција. Портпаролите на “жолтите елеци”, вчера се наоѓаа пред камерите на сите француски телевизии за да го коментираат говорот на Макрон. И сите, речиси едногласно, изјавија дека не се задоволни од одговорот на претседателот, уверени дека Макрон ништо не разбрал од нивните барања. За едни, говорот што започна со осуда на насилството бил провокација. За други, фактот што говорот на Макрон не одел во живо туку бил снимен, е знак дека претседателот не покажува почит. Накусо, “жолтите елеци” најавија продолжување на протестите и нови блокади на патиштата. Кое го доби името “чин 5”.

Медиумското внимание во Европа е пред се свртено кон саботните насилства во Париз. Но, протестите се секојдневни и се одвиваат во целата земја, пред се преку блокади на патиштата.

Жаклин Муро повика на “примирје”

Но имаше и “жолти елеци” со спротивен став. Така, Жаклин Муро, која прва, преку социјалните мрежи, излезе од анонимноста на “жолтиот елек”, вчера повика “примирје” и ја поздрави “отворената врата” на Макрон:

“Нашата економија е на работ на јазот, трговците велат дека наскоро ќе стават клуч на нивните порти а ние не смееме да бидеме одговорни за нивниот банкрот”, повика таа.

Големата политичка грешка на Макрон

Денес, премиерот Едуард Филип, ќе се обиде да го убеди Парламентот дека најавите на Макрон се соодветниот одговор на барањата на «жолтите елеци». Пред пратениците тој во детали ќе мора да ги објасни најавите на Макрон во неговото синоќешно «обраќање пред нацијата».

Бројните први реакции на експертите велат дека најавите на Макрон се еден вид импровизација:

«По 4 недели борба, «жолтите елеци» се дефинитивно, можеби трајно, инсталирани во политичкиот пејсаж. Тоа се должи на задоцнетата реакција на власта и тоа е голема политичка грешка», анализира за агенцијата АФП Филип Моро-Шевроле, експерт за политичка комуникација.

Првите предвидувања на францускиот министер за економија Бруно Ле Мер велат дека оваа криза ќе ја чини Франција 0.1 отсто од планираниот развој во четвртиот семестар. Истовремено, Банката на Франција го намали предвидувањето за развој од 0.4 на 0,2 отсто. Очигледно е дека Макрон сакал да ги смири протестите но социјални подароци, но без да внесе страв во бизнисот. Најавите на Макрон, нема многу да тежат ни врз најбогатите ни врз големите фирми.

Нема сомнение дека овие «трајно инсталирани жолти елеци» ќе влијаат на француската политика и, пред се, на мандатот на Макрон за кого ова е првата вистинска криза. Неговиот рејтинг, ионака низок во последните месеци, се урна на одвај 20 отсто, што за француски претседател е навистина дно.

Макроновиот говор ќе биде од денес анализиран и од целата политичка класа. Првите најави велат дека дел од опозицијата, составена од социјалистите, комунистите и радикалната левица, ќе поднесе барање за гласање на доверба на владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.