Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Големиот успех со проширувањето во 2004 може да се преслика и во 2030 година

0
By Ана Василевска on October 2, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Големиот успех како што беше големото проширување на ЕУ од 2004 година со 10 нови членки, може да се преслика и во 2030 година.

Оваа констатација произлегува од изјавите на европратениците и високи функционери на на Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Кипар, Малта и Словенија, земји кои во тогашниот „Биг Бенг“, како што беше наречено проширувањето пред 19 години, доживејаа ренесанса

„Кога влеговме во ЕУ имаше стравувања дека ќе го поткопа нашиот национален идентитет, но всушност реалноста се покажа сосема поинаква. ЕУ ни помогна да обезбедиме меѓународно признавање на нашето културно наследство. Исто така, помогна да се обноват голем број културни места уништени од тоталитарните режими. Членството во ЕУ ја врати Литванија во Европа“, евоцира европратеничката Радвиле Моркунаите-Микуленије од оваа балтичка земја.

До 2014 година, за само десет години 6 од 10 земји кои се приклучија во 2004 година станаа членки на еврозоната.

„Во години што следуваа како членка на ЕУ за огромен број граѓани на Летонија стана јасно дека Европската унија ни даде можности и нови перспективи. Јасно е дека со обединета Европа можеме да постигнеме големи работи“, изјави Сандра Калниете, европратеничка и поранешна министерка за надворешни работи на Летонија своевремено кога се одбележуваа 10 години од големото проширување.

„Со тоа проширување се надминаа последиците од насилната поделба на Европа за време на Втората светска војна. Европа тргна во обединување преку проширувањето на Европската унија. Во годините на единство, заедно постигнавме многу повеќе отколку што би било возможно поединечно. Јасно е дека со обединета Европа можеме да постигнеме големи работи“, изјави тогаш Сандра Калниете.

За повеќето аналитичари во Брисел, а и за оние кои се европски настроени во нашата земја, најавата за ново, големо проширување во 2030 година, во многу елементи потсетува на некои од битните околности во раните години на новиот милениум.

ЕУ интеграции Радвиле Моркунаите-Микуленије
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.