Поради обилните снежни врнежи, областа Голо Брдо е завеана во снег, па од денеска прекината е наставата во сите училишта во областа.
– Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што ја поврзуваат областа Голо Брдо се целосно блокирани. Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од Владата и од општините да преземат итни мерки за да се подобри ситуацијата.