Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорчев ги викал пратениците од ВМРО ДПМНЕ да помогнат, а тие не дошле

2
By Нова ТВ on September 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси по дванаесет часа судење во Кривичниот суд Скопје 1, е во тек сведочењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој пред Судот детално раскажува што видел тој на 27 април во Собранието.

– Во прес салата прво влезе група луѓе со фантомки на глава, а потоа и други луѓе, на пример некои од нив други и познав, како на пример Бате Геле, кој со слика на Сашо Мијалков во рацете викаше по нас „ќе ве убиеме сите до еден“. Меѓу другите што напаѓаа имаше и вработени во МВР, како што е човекот што на пример го викаат Џачката, не тепаа, не маваа, не туркаа, ни се закануваа дека ќе не убијат сите. По извесно време во салата влегоа луѓето од моето обезбедување и по некое време Ацо Ангеловски ја извади легитимацијата и побара напаѓачите да отстапат, но ништо не се случи. Потоа тој извади пиштол и пукаше во воздух – сведочеше Спасовски.

Тој во детали раскажуваше за движењето на напаѓачите, како и за тоа дека за човек што првпат влегува во Собрание, не може за кратко време да стигне до прес салата.

Од тука, заклучувам дека некој на тие луѓе им го покажувал патот, рече Спасовски.

Спасовски на прашање на обвинителството уште кажа дека е изненаден и вчудоневиден, дека никој од полицијата не реагирал, затоа што како што им било кажано на обезбедувањето на Спасовски немале наредба да постапуваат.

Спасовски пред Судот раскажа дека единствени кои притчале во помош се пратеникот Влатко Ѓорчев и уште неколкумина луѓе кои ги повикал тој.

– Ѓорчев застана пред насилниците, почна да ги смирува, побара дел од нив да застанат да не бранат. Еден од присутните со Ѓорчев ни даде половина од црна маица за да може да го запреме крварењето добиено од повредите на пратеникот Љупчо Николовски.

Другата половина му ја дадов на Заев зошто тој човек ми рече – нема да дозволам како патриот ниеден Македонец да умре. Ѓорчев ги повикуваше по телефон и другите пратеници на ВМРО ДПМНЕ, но никој од нив не дојде да ни помогне. Подоцна само Никола Тодоров дојде и викна Брза помош – сведочеше Спасовски.

На денешното судско рочиште сведочеа Никола Тодоров, Весел Мемети и Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.