Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорчевски: Не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, единствена надеж наоѓав во „Сејф Сити“

0
By Marija Todorovska on April 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на целата истрага се обидував на суптилен начин да ги наведам на правиот пат. Што сѐ не кажуваа, какви сѐ небулози не слушнавме за време на истрагата, изјави таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.  На денешното судење за убиството на Вања и Панче, Ѓорѓевски на прашања на обвинителството сведочеше за истрагата. Тој ја критикуваше полицијата, наведувајќи дека не видел конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, истакнувајќи: „Таму каде што бев присутен во присуство на полицијата, не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, единствена надеж наоѓав во „Сејф Сити“.

Тој ги негираше наводите што, како што сподели, полицијата ги наметнувала, дека Вања се регрутирала за ИСИС во Шведска, или, пак, дека заминала за Тетово.

Детенцето Јоаким од Шведска лично го познававме и Зорица и јас, не останавме ништо на случајност, ги следевме со кого контактираа, а и јас лично имам разговарано со тоа дете. Зорица сметаше дека Вања има кул татко, и често кога зборуваше со нив, ме викаше мене да ѝ кажам како да напише на српски или англиски во поглед да им одговори на некоја нивна шега, рече тој.

Во однос на прашањето дека на средба со началникот Музафер и сведокот Гоце пред зградата на Наум Наумовски Борче на која според сведокот Музафер рекол дека детето е киднапирано и убиено, одговори „Во ниту една момент не сум помислил ниту сум сакал да помислам дека Вања е убиена“.

На прашањата во врска со склучениот договор за дар на недвижен имот на 10.4.2023 година, односно зошто не го проследиле кај нотар и не е извршена негова солемнизација, одговори дека ги преземал сите обврски за на крај да се средат документите.

Не е така, и самите кажавте колку сѐ активности сум преземал, односно, со еден збор, целиот товар го преземав за на крај да добиеме производ со сите средени документи кои треба да се солемнизираат. Ме претставувате како монструм и ме понижувавте, мене и целото семејство, за кое цинично говоревте дека ништо не сме работеле. Ако сум сакал, ако сум бил таков човек, ќе сум ѝ дал на Зорица негативен одговор, немало да дозволам таков трансфер, згора на сѐ да го препишам и мојот стан на едно од децата, и становите наместо да биде прибрана документација за префрлање во вид на дар за децата, рече тој, дополнувајќи „не знам каква поврзаност има овој момент со овој настан и со овие луѓе другиве присутни во судницата“.

Прашан дека на 27.11.2023 ги известиле дека воделе паралелна истрага со Гоце за Цитроенот. „Од доказниот материјал произлегува дека вие, а не Гоце, сте му пратиле скрин шот од Цитроенот од камерите на фризерницата на началникот Дејан Димовски за да го погледне истото, но во истата комуникација, му велите „Сега ќе ви го најдам од Лукоил на Партизанска, времето е таман овој да дотрчал до таму, Цитроенот е празен запален, иде после комбево, некоја минута попосле и праќате скриншат од бело возило како комбе. Прашањето е, мислевте ли на Рено кангу?“, праша обвинителката.

Се сеќавам на таа ситуација, имаше едно младо дете кое што трчаше со ќеса во рака, со Гоце помисливме дека чувал стража и дека трча накај комбето или Цитроенот. Не, не мислам на Рено кангу. Мислам на бело комбе огромно. Не се сеќавам дека сум му ја пратил на Дејан, ако белите дека постои таква конверзација, сигурен сум дека сте во право, рече тој.
Ѓорчевски беше прашан и за тоа дали кога Гоце му кажал дека го видел Цитроенот на социјалните мрежи го известил дека Цитроенот веќе од страна на полицијата е утврден дека е Цитроенот на исчезнатиот велешанец и дека истиот е пронајден запален во село Бразда на 27.11.2023, одговори „Прво дознавме од Сејф сити за Цитроенот, потоа имаше по социјалните мрежи за велешанецот, па потоа дека е запалено возилото. Тоа беше во размак од неколку дена“.

Прашан како успеал да заштеди со плата нешто повеќе од 28 илјади денари, одговори дека таа се акумулирала.

Заштедата се акумулираше до моментот на давање на отказ, од тековните плати, од кириите од станот што го рентавме и од продажба на една парцела, плац, во атарот на село Кучково, рече тој.

Александар Ѓорчевски Вања зорица ѓорчевска Палчо сејф сити судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.