Денеска носителот на Изборната Единица 2, Гордана Јанкуловска пред младите во спотската сала ОУ Наум Науовски-Борче, Општина Гази Баба ги презентираше новите измени во законот за државни и јавни службеници.
Таа нагласи дека со законите се врши унификација на основните постулати на статусот на сите вработени преку модерни методи, кои се користат во современите администрации.
Со законите како што потенцираше Јанкуловска се врши Современиот начин на управување со човечките ресурси, кој е одлика на големите корпорации, прилагоден на нашите услови и законска регулатива.
Младите покажаа посебен интерес за проектите предвидени во програмата на ВМРО ДПМНЕ, а кои се поврзани со информатичка технологија, како што се е-Пријава за упис во основно/средно училиште и факултет, можноста за купување на карта за јавен превоз преку СМС, порталот за учење и развој на вештини и електронско портфолио за студентите.