Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Горди со автопатот на срамот

0
By Zoran Ivanov on July 14, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За да се разбере зошто кај нас автопатите се патишта до милионите на моќниците, а не толку за движење на луѓе и стока, доволно е да се преслушаат разговорите што беа објавени во 2015 година од тогашниот лидер на опозицијата. Најмалку 5 отсто провизија барале Кинезите за сумата што нашата влада ја плаќала за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

 Џелал Незири

Наместо тивко и срамежливо, речиси целата влада со нејзините сателити се собраа на овој жежок јулски ден за да ги промовираат првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид. Потребни беа 11 години за да се изгради една третина од автопатот на терен кој главно е погоден за градење. Според оваа динамика, автопатот ќе биде завршен за 22 години, односно во 2047 година!

Првото прашање е времето на реализација. Второто прашање е цената на проектот. Целиот автопат досега ја достигна сумата од 600 милиони евра – двојно повеќе отколку што беше планирано во 2014 година, кога тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ зема кредит од кинеската ЕКСИМ банка, со услов проектот да го реализира исто така кинеската компанија – СИНОХИДРО. Со парите на даночните обврзници потрошени за овој проект (од владите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, каде ДУИ беше дел), овој автопат достигна рекордна цена од 10,5 милиони евра за само ЕДЕН километар.

И изградбата на автопатот Скопје–Блаце, кој треба да ја поврзе Северна Македонија со Косово преку траса од 12 километри, моментално чини над 110 милиони евра. Според една споредбена анализа, доколку автопатот Скопје–Блаце заврши со оваа цена, тоа ќе биде вториот најскап автопат во земјата, со цена од околу 9,2 милиони евра по километар.

Колку чини во просек еден километар автопат во понормални држави ? Автопатот Драч-Кукс ви Албанија чини 5,9 милиони евра по километар, Белград-Јужен Јадран во Србија-  6,7 милиони евра, додека еден километар од автопатот Италија-Германија чинел 6 милиони евра. Во зависност од теренот, во земји со низок степен на корупција, еден километар автопат чини од 3 до 8 милиони евра.

За да се разбере зошто кај нас автопатите се патишта до милионите на моќниците, а не толку за движење на луѓе и стока, доволно е да се преслушаат разговорите што беа објавени во 2015 година од тогашниот лидер на опозицијата. Најмалку 5 отсто провизија барале Кинезите за сумата што нашата влада ја плаќала за изградбата на автопатот Кичево-Охрид. По ВМРО, продолжи СДСМ, сè до денес кога ВМРО-ДПМНЕ со своите албански партнери со гордост ја пуштаат во употреба делницата од автопатот, којашто веќе е синоним за кражба и срам.

Текстот е сопственост на Инбокс7.мк

 

колумна Џелал Незири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.